Веќе години заедно со Вас !
Нашата цел останува иста: На Вашите миленици да им обезбедиме целосна, единствена и ефикасна ветеринарна грижа.
Да ги исполниме Вашите очекувања следејќи ги современите достигнувања во ветеринарната медицина
Дозволете ни да се грижиме за здравјето на Вашите миленици,од најмала возраст па се до нивна длабока старост.
ЗООВЕТ-ЦЕНТАР е ветеринарна амбуланта која од своето формирање па се до денес Ви гарантира стручност, љубезност и професионална услуга.
Препораки
Мојата Шарка од секогаш беше темпераментна, па затоа должна сум,во нејзино име да ви се заблагодарам за Вашата трпеливост и вистинските услуги што и ги пруживте...Сакам на сите ваши и идни пациенти да им посочам дека грижата за здравјето на миленичето и дадената љубов се најважните компоненти од нивниот живот кои токму кај Вас можат да ги добијат.
П.С. Моето куче е дел од мојот живот. Ако си поигрувам со него и ако не знам како да го сочувам, тоа е исто како грижата за сопствениот живот да спласнала засекогаш...Ева Васиќ
Ја имав таа чест и прилика да ги запознаам луѓето кои работат во Зоовет-Центар,ме одушевија со третманот на моите миленичиња Лорд,Тоше,Бони,Аце и Венди а сите имаа по некоја хируршка интервенција ,лекување или разубавување. Почувствував и се уверив дека тоа што го работат ,го работат со голема љубов кон миленичињата и врвна ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, но не ми недостасуваше и внимание и гостопримство кон нас, како сопственици на миленичињата -благодарност и поздрав до тимот!Сашка Петрушевска
Поздрав од Пако и голема благодарност за брзото решавање на големиот и непријатен здравствен проблем.Ина Гаврилова
Благодарност за покажаната професионалност, разбирање и хуманост во одгледувањето и лекувањето на нашите миленици. Лидија и Сашо Зорба
Грижата за здравјето на миленикот е голема одговорност, а секој миленик заслужува да биде здрав и негуван од страна на вистински професионалци. Среќни сме што Зоовет- Центар ги исполни во целост нашите очекувања во однос на професионалноста и посветеноста на здравјето на нашето најсакано милениче, големата помош и совети. Елизабета Анчевска
Почитувани, од сé срце ви благодарам на професионалноста и стручноста, но пред се едно големо благодарам за покажаната човечност и разбирање при лекувањето на моите Бони и Лина. Поздрав, и се најдобро, Сузана Карапанчева
Голема благодарност до ЗООВЕТ ЦЕНТАР, за професионалноста и дадените совети. Ве сакаме и многу сме Ви благодарни. Анжелика и Сара Хот
Честитки за новата локација...многу успех и што повеке задоволни клиенти! Заборавив да споменам и што повеќе среќни и весели миленичиња! Со Ваша помош се разбира! Костадин Фириев
За Зоовет-Центар
Ветеринарната амбуланта “Зоовет-Центар” официјално почна со работа во 1997 годинa a во 2009 година комплетно е реновирана по светски стандарди. 
Работното време на амбулантата е од понеделник до петок од 09 – 20 часот, а во сабота од 09-16 часот. Кога на нашите пациенти им е потребна помош, надвор од работното време сопствениците можат да не контактираат преку мобилниот телефон 070/565-776.За секој пациент имаме компјутерска евиденција што ни овозможува со години да ја следиме здравствената состојба на секој наш пациент и да бидеме во постојан контакт со сопствениците.

Од нас можете да очекувате стручна, навремена и ефикасна медицинска грижа за Вашиот миленик.
ЗООВЕТ-ЦЕНТАР е ветеринарна амбуланта која од своето формирање па се до денес ви гарантира стручност, љубезност и професионална услуга.
Ветеринарната амбуланта Зоовет-Центар со свој преставник како единствен делегат од Македонија учестуваше на 31-от Светски Ветеринарен Конгрес кој се одржа од 11 до 14 Октомври 2006 година во Прага.
Разменувајќи искуства со познати ветеринарни доктори од 72 земји и можност да се запознаеме со новите светски достигнувања во ветеринарната медицина.


VET BUSINESS FORUM – Франција во организација на Royal Canin Македонија.
Долгогодишната и плодна соработка на тимовите на Royal Canin во Македонија и Зоовет-Центарт резултираше и беше крунисана со посетата на Зоовет-Центар на фабриката на Royal Canin во Montpelier во Франција. На VET BUSINESS FORUM ( 28 до 30 Март 2011 година ) беа присутни 700 учесници од 55 држави.

Во Белград во 2007 и 2008 година ветеринарната амбуланта Зоовет-Центар учествува на Симпозиуми организирани од ФЕЦАВА Федерацијата на европски здруженија на ветеринари по мала пракса.
ROYAL VET- Пет Шоп Семинар На наше големо задоволство, во Белград учествувавме во 2010 година и 2011 година на Royal Vet семинарите кои се со едукативен карактер за сопствениците на пет шоповите.
Од 1999 година "Зоовет-Центар" е член на Светската асоцојација за заштита на дивиот свет и старател на два индо-кинески тигри и делфин.

