Исхрана за мачки
Уште од дамнешни времиња мачката била грабливец и месојадец. Мачката има единствена природна способност да бара храна која содржи хранливи материи кои и се потребни. Освен тоа, секогаш мачките јадат онолку храна колку што им е потребна.Како домашен миленик, мачката поминува поголем дел од своето време во затворен простор. Вие треба да и обезбедите храна која е соодветна за нејзината возраст и раса.
Персиските и сијамските мачки поради нивните специфични потреби најдобро е да се хранат со храни кои се наменети само за нивната раса.
Дали знаете дека вашата мачка има потреба од :
- 10 пати повеќе протеини (по килограм телесна маса) отколку на човекот
- посебни масти и витамини (на пр. Вит А) кои нејзиното тело не може да ги произведе
- таурин- аминокиселина која нејзиното тело не може само да го произведе, па мора да се додадат во исхраната бидејќи е важна за имунолошкиот систем,плодноста и видот.
Како сопственик кој на својот миленик му посакува се најдобро, имајте во предвид дека доколку на вашата мачка не и овозможите здрава и соодветна храна може да предизвикате сериозни здравствени проблеми.
Млекото не е идеалнен производ за исхрана на мачката. Некои возрасни мачки имаат проблеми со варење на млекото поради недостатокот на ензими неопходни за варење на лактозата, па конзумирањето на млеко предизвикува дијареа (пролив). Поради кратскиот систем за варење на храната и ниското ниво на ензими задолжени за разградување на сложените јагленохидрати , мачките имаат ограничена способност во варењето на јагленохидратите.
Ве молиме, да ја донесете вашата мачка на ветеринарен преглед доколку ги забележите следниве промени:
- пие повеќе вода и мокри повеќе отколку вообичаено
- има болки при мокрење
- видно ја губи телесната тежина
- постојано е гладна
- често повраќа
- има променлива столица во тек на три дена
- заборава да го користи тоалетот
- отежнато се движи
- има проблеми со видот
- има промени на кожата која не се смирува
- има непријатен мирис од устата
- има зголемен стомак (со ислкучок кога женката е гравидна)
- многу подолго спие или подолго време поминува на едно место
- губи влакна или се чеша на едно место
- одбива да јаде храна подолго од 24 часа
- има напади
- кашла или кива
- има крварење од уста, нос или ректумот

